Deprecated: mysql_connect(): The mysql extension is deprecated and will be removed in the future: use mysqli or PDO instead in /home/acemorgm/public_html/system/classes/sql.php on line 42

Deprecated: mysql_connect(): The mysql extension is deprecated and will be removed in the future: use mysqli or PDO instead in /home/acemorgm/public_html/system/classes/sql.php on line 42

Deprecated: mysql_connect(): The mysql extension is deprecated and will be removed in the future: use mysqli or PDO instead in /home/acemorgm/public_html/system/classes/sql.php on line 42

Deprecated: mysql_connect(): The mysql extension is deprecated and will be removed in the future: use mysqli or PDO instead in /home/acemorgm/public_html/system/classes/sql.php on line 42

Deprecated: mysql_connect(): The mysql extension is deprecated and will be removed in the future: use mysqli or PDO instead in /home/acemorgm/public_html/system/classes/sql.php on line 42

Deprecated: mysql_connect(): The mysql extension is deprecated and will be removed in the future: use mysqli or PDO instead in /home/acemorgm/public_html/system/classes/sql.php on line 42

Deprecated: mysql_connect(): The mysql extension is deprecated and will be removed in the future: use mysqli or PDO instead in /home/acemorgm/public_html/system/classes/sql.php on line 42
Association of Consulting Engineers of Macedonia

ОБУКА НА ТЕХНИЧКИ ПЕРСОНАЛ ЗА АСФАЛТИРАЊЕ

Зголеми ја сликата

ВОВЕД  ВО ПРОГРАМАТА ЗА СТРУЧНА ОБУКА

Обуката во Вашата компанија ќе се спроведе со цел за подобрување на квалитетот на асфалтерските работи кои ги изведувате на територија на Република Македонија и во странство.

Со Програмата за обука која е изготвена од страна на АЦЕМ, ќе се направи анализа на Вашиот асфалтерски тим, поставеност на менаџерскиот тим кој е одговорен за асфалтирање, техничкиот персонал, работниот тим кој ја опслужува механизацијата  и ќе ги отклони недостатоците кои ќе се увидат на терен.

Како краен резултат на оваа обука, Вашата компанија ќе се стекне со искуство пренесено од страна на нашите обучувачи, кое подразбира подобар квалитет при асфалтирање, сигурност на ангажираниот персонал и механизација и зголемување на Вашиот имиџ кај Инвеститорите, а ќе биде многу важен за добивање на секоја наредна работа.

Придобивките од оваа обука се:

  • Подобрување на конкурентноста на Вашата компанија
  • Зголемена доверба на Вашите Инвеститори како последица од обучен тим за асфалтирање кој дава квалитетни резултати
  • Сигурност на Вашиот персонал за асфалтирање
  • Примена на стандарди и процедури согласно барањата од страна на Инвеститорите и надзорниот орган

          

АНАЛИЗА НА АСФАЛТЕРСКИОТ ТИМ / СПРЕГ

Анализата на Вашиот персонал кој е задолжен за асфалтирање, ќе биде најмеродавна за реализација на успешна обука.

За таа цел, АЦЕМ ќе обрне внимание на неколку важни работи:

  • Заштита при работа на Вашиот персонал и осигурување на објектот
  • Припрема на објектот и планирање
  • Полагање на асфалт
  • Валирање
  • Контрола на квалитет

Оваа анализа ќе се спроведе на терен. Ќе се направи мониторинг на Вашиот персонал на лице место за време на асфалтирање на објектите. Секое лице кое е ангажирано од Ваша страна треба да биде запознаено со горенаведените пет точки и успешно да ги имплементира согласно законите во РМ и ЕУ стандарди.  АЦЕМ ќе ги евидентира недостатоците кај персоналот и ќе помогне во нивно отстранување преку сугестии и едукација на терен и во Вашите простории на компанијата.

Времетраењето на Проектот ќe биде три месеци. Обуката ќе биде направена на целна група од 20 луѓе кои се посочени од страна на Вашата компанија.

          

ПОДГОТВИТЕЛНИ РАБОТИ

Подготвителни работи претставуваат сите оние работи кои се потребни да се направи квалитетна проценка за асфалтирање на објектот. За таа цел, АЦЕМ ќе ја разгледа работата на техничкиот персонал и ќе утврди дали се запазени следните процедури:

  • Разгледување на проектната документација за асфалтирање и предмерот на количини од тендерската документација
  • Согледување на недостатоците од проектот и тендерската документација и коресподенција со Инвеститорот (надзорниот орган)
  • Утврдување на дополнителни и непредвидени работи

Сите недостатоци во работата на Техничкиот персонал ќе се констатираат и ќе се пристапи кон нивно подобрување преку обука од страна на нашите стручни консултанти.

          

РАБОТА СО НАДЗОРНИОТ ОРГАН/ ИНВЕСТИТОРОТ

За изведба на еден квалитетен објект, на самиот почеток е потребно да се создаде добра комуникација со Инвеститорот/ Надзорниот орган. АЦЕМ ќе изврши стручни консултации со Техничкиот персонал во врска со:

  • Доставување на рецептури за асфалт и сертификати
  • Доставување на методологија на изведба на објектот
  • Доставување на список на ангажирана механизација и персонал
  • Доставување на Динамички план на изведба
  • Доставување на план за осигурување на објектот и сигнализација

Комплетната документација која треба да биде доставена на Надзорниот орган ќе биде изработена во согласност со законите во РМ и ЕУ стандардите.

         

ПРИПРЕМА ЗА АСФАЛТИРАЊЕ

Пред секое асфалтирање, Изведувачот треба да направи проценка на подлогата и начинот на кој таа треба да се подготви. Со соодветно искуство на луѓето одговорни за асфалтирање, се прави рационален избор на потребна механизација (спрег) кој ќе овозможи квалитетна изведба, но со постигнување на помал трошок. АЦЕМ ќе ги укаже овие работи за секој објект посебно, во делот на:

  • Правилно припремање на подлога од тампон, постигнување на идеална равност со цел да се добијат помали загуби на асфалт
  • Рехабилитации/ реконструкции на постоечки улици со гребење и орапавување на стариот асфалт
  • правилна нивелација на постоечки шахти и сливници
  • нанесување на битуменска емулзија согласно стандардите

          

ПОЛАГАЊЕ НА АСФАЛТ

Персоналот кој е задолжен за полагање на асфалтот ја превзема водечката улога во асфалтирањето. Главните загуби на асфалтот се појавуваат поради нестручно водење на финишерот. АЦЕМ ќе даде свој придонес во подобрување на:

  • Одбележување на трасата на водење на финишерот
  • Нивелација на финишерот
  • Опслужување на работниците околу финишерот
  • Ротации на финишерот на локации каде нема пристап на камиони/кипери
  • Формирање на подолжни споеви
  • Оддржување на финишерот по завршено асфалтирање

          

ВАЛИРАЊЕ НА АСФАЛТОТ

Крајната цел на едно асфалтирање е да се добие улица/пат со идеална равност и површина со фина структура. За да се постигне ова, секоја асфалтерска фирма треба да поседува искусни машинисти кои ќе знаат како професионално да го извалираат асфалтот. АЦЕМ ќе го пренесе своето искуство на машинистите задолжени за валирање во поглед на:

  • Избор на ваљаци во зависност на дебелината и типот на асфалтот
  • Избор на ваљаци во зависност на ширината на улицата
  • Избор на персонал кој ќе биде одговорен за водење на ваљаците и постигнување идеална равност, употреба на летва за порамнување 5м
  • Изработка на правилни споеви со стариот асфалт
  • Валирање на асфалтот околу шахти и сливници
  • Правилно валирање на асфалтот – број на поминувања, брзина на валирање
  • Справување со непредвидени оштетувања на површината при асфалтирање, сегрегација, итн

         

КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Разликата помеѓу фирмите за асфалтирање се гледа според постигнување на крајниот квалитет на завршената улицата. Ова се постигнува само со постојана контрола на квалитетот на вградениот асфалт пред, за време и после вградувањето. Рецептурата за асфалтот треба константно да се подобрува во зависност од резултатите на веќе вградениот асфалт од претходните асфалтирања.

АЦЕМ ќе даде свој придонес во поглед на подобрување на постоечките рецептури за различни типови асфалт кои се произведени во Вашата компанија.

 

ПРОГРАМАТА Е ИЗРАБОТЕНА ОД СТРАНА НА НАШИОТ СТРУЧЕН ТИМ

 

 
НОВОСТИ
21.03.2012 - Јавен оглас за обука на градежни мајстори (2-ра Фаза)

Нашето Здружение ја проширува базата на податоци со информации за млади луѓе кои се заинтересирани да станат обучени градежни...

11.01.2012 - АЦЕМ започнува со обука за имплементација на енергетска ефикасност за улично...Повеќе

АЦЕМ започнува со обука за имплементација на енергетска ефикасност за улично осветлување. Целни групи ќе бидат електроинженерски...

10.11.2011 - Јавен оглас за обука на градежни мајстори

Нашето Здружение започнува со реализација на Проектот „Зачувување на старите градежни занаети во Македонија“....

Последни Документи