Deprecated: mysql_connect(): The mysql extension is deprecated and will be removed in the future: use mysqli or PDO instead in /home/acemorgm/public_html/system/classes/sql.php on line 42

Association of Consulting Engineers of Macedonia

ЗAЧУВУВАЊЕ НА СТАРИТЕ ГРАДЕЖНИ ЗАНАЕТИ ВО МАКЕДОНИЈА

Зголеми ја сликата

Проектот е поддржан од страна на Кралството на Норвешката амбасада во Скопје

„Зачувување на старите градежни занаети во Македонија“

Овој Проект ја започна својата реализација веднаш по потпишувањето на Меморандумот за соработка на 08.11.2011 година во Скопје помеѓу Кралството на Норвешка амбасада во Скопје и Асоцијацијата на инженерите консултанти на Македонија - АЦЕМ.

Цeли на проектот

Целта на овој Проект е анализирање на старите градежни занаети кои се применувале и сеуште се применуваат на територијата на Македонија. Користењето на овие градежни занаети се провлекува низ долгиот период на градиентно развивање на македонската архитектура. Нивната употреба претставува своевидна база за тоа на кои основи и темели се оформува традиционалната архитектура со тоа што и двете страни коегзистираат како една симбиоза, долго низ вековите на македонската историја. Со текот на времето со појавата на нови материјали и начини на конструктивно градење, традиционалните градежни занаети се повлекуваат во позадина и сé поретко се користат во архитектурата. Преку овој Проект би сакале истите да ги поврземе во еден кохерентен систем со модерната архитектура и да ја најдеме нивната примена во изведбата на современите зданија. Наша цел е да ги презентираме старите градежни занаети и истите да ги доведеме поблиску до младите луѓе. Преку извршување на одредени испитувања, ние го одредивме степенот на заинтересираност кај младите за зачувување и развивање на старите градежни занаети и продолжување на оваа традиција, што резултираше со високо квалификувани градежни работници. Набљудувањето на националниот образовен систем и повеќе градилиштата кои постојат во нашата земја, во кои се применуваат традиционалните методи на градење, ќе ни овозможи подобро да го согледаме однос на јавните и едукативни институции со старите градежни занаети, нивното зачувување и развој. Истовремено испитана е можноста за активирање и самовработување на горенаведената таргет група, како квалификувани работници.

Целни групи

Традиционалните методи на градење со старите градежните занаети и нивната целосна употреба, со развитокот на новите модерни правци градиентно започнува да се прекинува во последниве децении. Од таму согледливо е дека истите се користат само од страна на постарите генерации. Нивната употреба кај младите е вистински раритет. Врз основа на таа констатација, целна група на овој Проект се младите луѓе, со што повторно би се овозможил континуитетот на пренесување на овие традиционални начини на работа и истовремено дополнително би се опфатила  заинтересираната македонската популација и неквалификуваната работна сила во нашата мултиетничка заедница.

Стратегија на Проектот

Стратегијата на овој Проект се состоеше во воспоставување на контакти со невработени млади лица во училиштата и јавните места преку промотивни информативни брошури. Одбравме група од млади луѓе кои беа најзаинтересирани за изучување на старите градежни занаети. Преку заедничка посета на градилишта и обука од страна на нашите експерти, успеавме да го пренесеме знаењето на младите луѓе. На крај, младите мајстори ќе бидат промовирани во искусни градежни фирми од страна на АЦЕМ. Истите ќе бидат интегрирани и вработени во градежните фирми по двомесечна пробна работа.

Резултати

Очекуваните резултати од Проектот беа постигнати. Со спроведувањето и делењето на промотивен материјал, беше подигната свеста за важноста на зачувување на изградбата на градежните занаети кај невработената млада популација и беше остварена можноста за самовработување. Се направи обука на градилиште, со што младите луѓе се стекнаа со знаење и вештини при употреба на градежни материјали и алат. На крај, Проектот резултираше со формирање на искусна група млади мајстори, овозможувајќи нивно вработување во градежни фирми. 

Продолжување на Проектот

Нашето Здружение ќе направи напори за продолжување на овој корисен Проект. Ние ќе продолжиме да ја прошируваме нашата база на податоци со информации за млади луѓе кои се заинтересирани да станат искусни мајстори. Во овој момент, интересот на овој Проект е да се најде финансиска поддршка и да се продолжи со обуките на градилиштата, создавајќи нови групи на обучени млади луѓе и давајќи им можност за самовработување.

Како да се аплицира:

Сите заинтересирани млади луѓе кои сакаат да се приклучат кон Проектот преку посета и обука на градилишта, треба да аплицираат преку испраќање на лични информации (CV-ја) на следнава е-меил адреса:

contact@acem.org.mk 

Сите испратени информации и CV-ја ќе се третираат како доверливи.

Download

НОВОСТИ
21.03.2012 - Јавен оглас за обука на градежни мајстори (2-ра Фаза)

Нашето Здружение ја проширува базата на податоци со информации за млади луѓе кои се заинтересирани да станат обучени градежни...

11.01.2012 - АЦЕМ започнува со обука за имплементација на енергетска ефикасност за улично...Повеќе

АЦЕМ започнува со обука за имплементација на енергетска ефикасност за улично осветлување. Целни групи ќе бидат електроинженерски...

10.11.2011 - Јавен оглас за обука на градежни мајстори

Нашето Здружение започнува со реализација на Проектот „Зачувување на старите градежни занаети во Македонија“....

Последни Документи