Deprecated: mysql_connect(): The mysql extension is deprecated and will be removed in the future: use mysqli or PDO instead in /home/acemorgm/public_html/system/classes/sql.php on line 42

Association of Consulting Engineers of Macedonia

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЦЕДУРИ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА СОНЧЕВАТА ЕНЕРГИЈА

Зголеми ја сликата

Тренинг за членовите на АЦЕМ:

„Имплементација на процедури за искористување на сончевата енергија“

Сончевата енергија е примарен извор на енергија на Земјата и е одговорна за скоро сите природни процеси. Нашата Земја прима скоро 1000 W (J/s) од сончевата енергија на површина од еден метар  квадратен, а тоа е генерирано од термонуклеарните експлозии во внатрешноста на сонцето. Дел од големата количина на енергија што ја ослободува сонцето, на Земјата пристигнува во форма на сончева радијација иако поголем дел од неа се рефлектира или апсорбира пред да стигне до површината на Земјата.

Преку оваа обука покажуваме дека постојат различни начини на искористување на енергијата од сонцето за создавање на електрична енергија.

Електричната енергија добиена од сончевото зрачење е генерирана од страна на:

а) површина која ја собира сончевата енергија, 

б) метод на конверзија на апсорбираната енергија во електрична струја.

Постојат два пристапи кои беа анализирани преку овој тренинг:

1. Фотоволтаична конверзија: Сончевата светлина може да биде директно конвертирана во електрична струја преку употреба на соларни панели. Соларните панели се создадени од фотоволтаични ќелии или соларни ќелии кои се поставени во вид на мрежа на неговата површина. Индивидуалните соларни ќелии се направени од посебни полупроводнички материјали како што е силиконот. Кога сончевата енергија ќе стигне на површината на панелот, соларната ќелија ја конвертира сончевата радијација во корисна електрична енергија (еднонасочна струја) која може да се користи за напојување на домови и сл.

2. Соларно термална конверзија: Во овој метод, сончевата енергија е употребена да создава топлина за зовривање на вода. Употребени се огледала или рефлектори за концентрирање на сончевата светлина (како лупа) во контејнери полни со течност (најчесто вода, но и други течности кои подобро ја задржуваат топлината). Течностите се загреваат до доволно високи температури за да се создаде пареа која се користи за да ја придвижи парната турбина која произведува електрична енергија.

Сончевата енергија се користи и за директно напојување на сите видови на електрична опрема, почнувајќи од разни видови на калкулатори па се до сообраќајни знаци на улиците, надземни светла на паркинзите па дури и на посебни типови на експериментални возила. Сончевата енергија ја користат и сателитите, каде низа од соларни ќелии обезбедува струја за електричните системи на сателитот.

НОВОСТИ
21.03.2012 - Јавен оглас за обука на градежни мајстори (2-ра Фаза)

Нашето Здружение ја проширува базата на податоци со информации за млади луѓе кои се заинтересирани да станат обучени градежни...

11.01.2012 - АЦЕМ започнува со обука за имплементација на енергетска ефикасност за улично...Повеќе

АЦЕМ започнува со обука за имплементација на енергетска ефикасност за улично осветлување. Целни групи ќе бидат електроинженерски...

10.11.2011 - Јавен оглас за обука на градежни мајстори

Нашето Здружение започнува со реализација на Проектот „Зачувување на старите градежни занаети во Македонија“....

Последни Документи