ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО ОПШТИНИТЕ
Тренинг за членовите на АЦЕМ:
„Енергетска ефикасност за подобрување на уличното осветлување во Општините“
Цели на проектот
Целта на овој Проект е подобрување на енергетската ефикасност на општинското уличното осветлување, преку промена на живините светилки со штедливи светилки, како што се натриумовите светилки со висок притисок, со неонски светилки, металхалогени светилки и светилки со лед диоди се со цел намалување на вкупната потрошувачка на енергија како и намалување на трошоците за одржување и намалена емисија на CO2. На овој начин ќе се обезбеди подобро осветлување и поголема безбедност на улиците и парковите.
Целна група
Целна група за овој Проект се работници во електроинженерски компании кои се во склад со општините. Тие ќе бидат обучени за начинот на имплементација на ЕУ процедурите за подобрување на енергетската ефикасност за улично осветлување како и примената на новите технологии за подобрување на осветленоста на теренот и заштедата на енергија.
Стратегија на Проектот
Стратегијата на овој Проект се состои во извршување на обука за имплементација на ЕУ стандардите преку анализирање на уличното осветлување и презентации со претходна обука на терен, со нови идеи за подобрување на потрошувачката на енергија, намалување на трошоците за одржување на светилките како и намалување на емисијата на јаглерод диоксид.
Резултати
Живееме во општество каде осветленоста на улиците е значаен фактор за безбедноста на граѓаните. Со помош на овој Проект, на електричарите заедно со Општинските власти им се овозможува надополнување на знаењето за промените во технологијата за енергетската ефикасност на уличното осветлување, со која безбедноста и сигурноста на граѓаните да шетаат по осветлени улици и патеки е осигурана, а исто е намалена и потрошувачката на електрична енергија, се овозможува подобрување во здравјето на луѓето бидејќи се намалува емисијата на јаглероден диоксид, пред се, се запазуваат ЕУ стандардите за енергетска ефикасност на околината која што не опкружува. Уличното осветлување е важен дел од секоја општина поединечно, глобално за цел свет. Новите технологии само ни го подобруваат начинот на живеење и справувањето со секојдневните проблеми, додека ние сме тие кои треба да ги научиме, разбереме и примениме истите.