11.01.2012 - АЦЕМ започнува со обука за имплементација на енергетска ефикасност за улично осветлување
АЦЕМ започнува со обука за имплементација на енергетска ефикасност за улично осветлување. Целни групи ќе бидат електроинженерски компании кои се во соработка со Општините.
Електроинженерските компании ќе бидат обучени за начинот на имплементација на ЕУ процедурите за подобрување на енергетската ефикасност на уличното осветлување и за употребата на новите технологии со цел подобрување на осветленоста на улиците.
Дел од работилниците ќе бидат одржани во обучувачкиот центар на нашето Здружение, но поголемиот дел од обуките ќе бидат спроведени на терен во различни Општини.