ЗА НАС
Здружението на инженери консултанти на Македонија (АЦЕМ) е стручно, независно, невладино и непрофитабилно Здружение на граѓани кое е основано во Јули 2011.
Цели и задачи на Здружението се:
- здружување на инженери консултанти поради размена на искуства, подобрување на знаењето, залагање за борба против корупцијата и остварување на размена на знаења и искуства со странски инженери, што значи унапредување на нивото на знаење на инженерите консултанти на светско ниво и според светските стандарди;
- промовирање на улогата и важноста на независните инженери консултанти на Македонија;
- промоција на стручноста на инженерите консултанти, нејзината вредност и улогата што треба да ја има;
- придонесување во промоцијата на процедури кои обезбедуваат транспарентност од областа на знаењето на инженерите консултанти;
- следење и обезбедување на информации за потребите на своите членови поврзани со законските прописи, политиката на програмите на надлежните органи за одговарање на прашања од интерес на Здружението;
- имплементација на највисоките етички стандарди кои се применуваат во работата на инженерите консултанти, како и грижа за тоа да членовите на Здружението се придржуваат до нив и на тој начин да завземат ефикасно учество во борбата против корупцијата во инженерската струка и индустрија;
- постојана грижа за развој на техничкото знаење на членовите на Здружението;
Активности на Здружението се:
- организирање на семинари, работилници и конференции за потребите на иновацијата на знаењето на членовите на Здружението и воведување на нови трендови во инженерскиот сектор;
- подршка во применета на стандарди преку поттикнување и усогласување на одредени прописи на Република Македонија со стандардите на ЕУ и информирање на членките на Здружението;
- промоција на улогата на инженерот консултант во инвестиционите градби;
- информирање на членовите на Здружението за релевантните настани од инженерскиот сектор и други области важни за квалитетно извршување на консултантските услуги;
- размена на искуства на членовите на Здружението со сродни странски фирми и Здруженија;
- воспоставување на нови бизнис контакти на членовите во земјата и странство;
- унапредување на бизнис климата во Македонија и унапредување на инженерската струка, како и вршење на други дејствија и активности сврзани со дејноста на инженерите консултанти.
Членови на АЦЕМ можат да бидат сите инженерско - консултантски фирми во Македонија, односно компании и изведувачи од областа на архитектура, градежништво, електро - машински инсталации, екологија и енергетика, правни фирми и други фирми кои се заинтересирани за промовирање на целите на Здружението.
За повеќе информации за тоа како да се стане Член на Здружението, ве молиме да го посетите Членство.