Deprecated: mysql_connect(): The mysql extension is deprecated and will be removed in the future: use mysqli or PDO instead in /home/acemorgm/public_html/system/classes/sql.php on line 42

Association of Consulting Engineers of Macedonia

ЗА НАС

Зголеми ја сликата

Здружението на инженери консултанти на Македонија (АЦЕМ) е стручно, независно, невладино и непрофитабилно Здружение на граѓани кое е основано во Јули 2011.

Цели и задачи на Здружението се:

  • здружување на инженери консултанти поради размена на искуства, подобрување на знаењето, залагање за борба против корупцијата и остварување на размена на знаења и искуства со странски инженери, што значи унапредување на нивото на знаење на инженерите консултанти на светско ниво и според светските стандарди;
  • промовирање на улогата и важноста на независните инженери консултанти на Македонија;
  • промоција на стручноста на инженерите консултанти, нејзината вредност и улогата што треба да ја има;
  • придонесување во промоцијата на процедури кои обезбедуваат транспарентност од областа на знаењето на инженерите консултанти;
  • следење и обезбедување на информации за потребите на своите членови поврзани со законските прописи, политиката на програмите на надлежните органи за одговарање на прашања од интерес на Здружението;
  • имплементација на највисоките етички стандарди кои се применуваат во работата на инженерите консултанти, како и грижа за тоа да членовите на Здружението се придржуваат до нив и на тој начин да завземат ефикасно учество во борбата против корупцијата во инженерската струка и индустрија;
  • постојана грижа за развој на техничкото знаење на членовите на Здружението;
 
Активности на Здружението се:
  • организирање на семинари, работилници и конференции за потребите на иновацијата на знаењето на членовите на Здружението и воведување на нови трендови во инженерскиот сектор;
  • подршка во применета на стандарди преку поттикнување и усогласување на одредени прописи на Република Македонија со стандардите на ЕУ и информирање на членките на Здружението;
  • промоција на улогата на инженерот консултант во инвестиционите градби;
  • информирање на членовите на Здружението за релевантните настани од инженерскиот сектор и други области важни за квалитетно извршување на консултантските услуги;
  • размена на искуства на членовите на Здружението со сродни странски фирми и Здруженија;
  • воспоставување на нови бизнис контакти на членовите во земјата и странство;
  • унапредување на бизнис климата во Македонија и унапредување на инженерската струка, како и вршење на други дејствија и активности сврзани со дејноста на инженерите консултанти.
 
Членови на АЦЕМ можат да бидат сите инженерско - консултантски фирми во Македонија, односно компании и изведувачи од областа на архитектура, градежништво, електро - машински инсталации, екологија и енергетика, правни фирми и други фирми кои се заинтересирани за промовирање на целите на Здружението.
 
За повеќе информации за тоа како да се стане Член на Здружението, ве молиме да го посетите Членство
 
НОВОСТИ
21.03.2012 - Јавен оглас за обука на градежни мајстори (2-ра Фаза)

Нашето Здружение ја проширува базата на податоци со информации за млади луѓе кои се заинтересирани да станат обучени градежни...

11.01.2012 - АЦЕМ започнува со обука за имплементација на енергетска ефикасност за улично...Повеќе

АЦЕМ започнува со обука за имплементација на енергетска ефикасност за улично осветлување. Целни групи ќе бидат електроинженерски...

10.11.2011 - Јавен оглас за обука на градежни мајстори

Нашето Здружение започнува со реализација на Проектот „Зачувување на старите градежни занаети во Македонија“....

Последни Документи