10.11.2011 - Јавен оглас за обука на градежни мајстори
Нашето Здружение започнува со реализација на Проектот „Зачувување на старите градежни занаети во Македонија“. За потребите на Проектот, бараме заинтересирани луѓе кои би сакале да станат искусни градежни мајстори. Обуките ќе бидат организирани преку посета на градилишта со ангажирање на искусни мајстори кои ќе покажат како се користи алат и како се вградува материјалот.
Ако сакаш да научиш и да станеш обучен градежен мајстор, треба да аплицираш преку испраќање на CV-ја на следнава е-меил адреса:
Сите испратени информации и CV-ја ќе се третираат како доверливи.